Кикириките можат да го спасат и продолжат животот

Само неколку кикирики дневно можат да го намалат ризикот од сериозни болести.

Истражувачите успеале да ја потврдат врската помеѓу кикириките и здравиот начин на живот.

Тие велат дека само 10 грама дневно можат да го намалат ризикот од болести на респираторните патишта, дијабетис, рак и кардиоваскуларни болести.

Ефектот на кикириките е еднаков и за жените и за мажите.

Научниците од Харвард 22 години анализирале 6.000 луѓе со дијабетис од типот 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар и шлог. Тие морале да бидат на специјална диета и четири години пополнувале формулари за своето здравје.

Кога научниците ги виделе резултатите откриле дека оние кои јаделе кикирики биле заштитени од срцев удар и шлог. Вистинско изненадување е дека ризикот од ова бил намален за 44 проценти.

Кикириките содржат многу состојки, како што се здрави масти, витамини, влакна, антиоксиданти кои го зајакнуваат одбрамбениот систем на телото.

- Реклама -