Киев отфрла прекин на огнот за Божиќ: „Русија да ги напушти окупираните територии – само тогаш ќе има примирје“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди дводневен прекин на огнот, со почеток од полноќ, поради, барем според Кремљ, Бадник и Божик. Истовремено, Путин ја повика и Украина да прогласи прекин на огнот.

Киев, меѓутоа, ја отфрли „понудата“.

На Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, не му требаше долго за да го оцени повикот од Москва како „цинична стапица“.

„Руската православна црква (* која повика на прекин на огнот пред Путин да ја издаде наредбата) не е авторитет во глобалното православие и се однесува како ‘пропагандист за војна’. РПЦ повика на геноцид на Украинците, поттикнуваше масовни убиства и инсистираше на уште поголема милитаризација на Руската Федерација. Затоа, изјавата на РПЦ за ‘Божиќно примирје’ е цинична стапица и елемент на пропаганда“, напиша Подољак денеска на Твитер.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Во меѓувреме тој се огласи и конкретно за барањето за примирје.

„Прво. Украина не нападна туѓа територија и не убива цивили. Како што тоа го прави Руската Федерација. Украина уништува само членови на окупациската армија на својата територија…

Второ. Руската Федерација мора да ги напушти окупираните територии – само тогаш ќе има ‘привремено примирје’. Чувајте си ја хипокризијата за себе“, му порача Подољак на Кремљ.

- Реклама -