Киев не дозволува специјален статус за Донбас

Киев, 2 февруари 2022 (МИА) – Украинските власти ја отфрлаат можноста да се дозволи специјален статус на Донбас (регион во источниот дел на Украина), како и можност за ставање вето на одредени владини одлуки, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Ниту еден украински регион нема да има моќ да влијае на државните одлуки. Ова е врежано во камен. Нема да има посебен статус, како што замислува Русија“, додаде Кулеба.

Шефот на украинската дипломатија истакна дека Киев работи на широка децентрализација, но истовремено е подготвен да работи и на имплементација на Договорот од Минск.

„Сепак, Договорот од Минск почнува со безбедносно прашање. На второ место е политичкиот дел. Така што сите мора да се фокусираат на безбедноста“, додаде Кулеба во интервју за „Речпосполита“.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална
- Реклама -