Компанијата Kia понуди официјални скици на новата генерација на SUV изведбата – Sorento. Воедно достави и официјално соопштение во кое се вели дека премиерата на теренецот за Јужна Кореја (таму моделот е познат како Sorento R) ќе се одржи во септември оваа година.
Новиот модел ќе биде поголем, поекстравагнтен, но и поекономичен од својот претходник. Во неговата основа ќе биде платформата на Hyundai Grand Santa Fe, предната суспензија ќе е McPherson, а одзади – независна, во повеќе точки, мултилинк.
Во Северна Америка моделот ќе се продава со атмосферски мотори 4-цилиндерски со зафатнина од 2.4 и 3.3-литарски V6, опремени со систем за директно вбризгување на горивото. За овој пазар се предвидува и хибридна верзија. Во Европа ќе се нуди 2.2-литарски дизел со 197 КЅ и 436 Nm вртежен момент. Бензинските агрегат ќе бидат 2,4 Theta II и 2,0 Nu во две верзии на моќноста – 175 и 166 КЅ. Теренецот ќе нуди и систем за погон на сите четири тркала со електронска блокада Dynamax, произведена од фирмата Magna, и 6-брзински автоматски менувач.