За разлика од Škodа која својот Superb го прати на мегдан со спортски класици, во Kia се одлучија да ја претстават новата лимузина во споредба со Lamborghini. И одлично им оди.
Новопретставената Forte е семејна лимузина на која дефинитивно не ѝ е местото на тркачка стаза. Брзината не ѝ во гените, но сепак во Kia сметаат дека има што да понуди во однос на неизмерно поскапиот и помоќен Lamborghini Aventador.
На пример, Kia-та има нормална врата и простор за 5 патници. Кај „Ламбо“-то тоа го нема. Kia-та има и touch screen екран, како и систем за полнење на мобилни уреди. А да, и е едно 400.000 долари поевтина (колку една вила во Италија) од Aventador.