Kia Motors ги објави првите скици на новата генерација на моделот Cerato, познат на некои од светските пазари под името Forte.
Автомобилот најнапред ќе биде лансиран во Кореја во седан варијанта, подоцна во текот оваа година, каде што ќе дебитира со ново име-К3. Според информациите од Сеул, ова остварување на пазарите во Европа е во план да биде пласирано на почетокот на идната година.
Актуелната генерација на бестселерот на Kia, само во минатата година беше продадена во над 445.000 единици. Корејците многу полагаат и во оваа нова генерација од моделот, кој и на другите пазари во светот ќе се појави во седан верзија, а потоа ќе бидат претставени и неговите хечбек и купе варијанти. Засега нема поспецифични информации околу деталите на новиот модел.
Објавено во соработка со Авто Плус.