Керим: Ако употребата на „Македонија“ од Сиљановска Давкова е провокација, тогаш е и употребата на „Скопиа“ од грчка страна секогаш кога зборуваат за нас

Поранешниот министер за надворешни работи и дипломат Срѓан Керим, зборувајќи за заклетвата на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, рече дека „претседател на држава кој полага заклетва пред својот Парламент, пред своите граѓани и пред својот народ не може да направи гаф кога го изговара името на државата Македонија“, посочувајќи дека пораката што таа сакала да ја упати била внатрешно-политичка односно кон мнозинствотот граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција или некоја друга земја.

– Ако барате порака тогаш јас ја читам како внатрешно – политичка, а не надворешно – политичка затоа што една од основните одлики и карактеристики на демократијата е мнозинството. Госпоѓата Сиљановска Давкова беше избрана со огромен број на гласови на мнозинство на граѓаните на оваа држава и поради тоа тој гест беше наменет на нив, а не да се провоцира ни Грција ни никој друг, рече Керим во тема на денот на ТВ Сител.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Ако треба да одговори како дипломат, рече тој, дипломатски е да се седне на маса и да се разговара.

-Има причина да разговараме затоа што ако ние провоцираме со тоа што го употребуваме името Македонија што е тогаш употребата на „Скопиа“ цело време од грчка страна кога зборуваат за нашата земја. Нели е и тоа провокација, праша Керим.

Се што ќе излезе од Скопје или од Македонија, вели поранешниот министер, подлага на еден диоптер од Брисел и ние треба да бидеме постојано фрустрирани, укочени, да пазиме што зборуваме и што ќе кажеме за тоа да не не одалечи од Брисел.

- Реклама -