Келвин Доу, самоук инженер кој составува гаџети од туѓ отпад (видео)

Келвин Доу е инженер и изумител од Сиера Леоне кој има доста неверојатна приказна. Доказ дека инспирацијата и иновацијата можат да се појават секаде.

Келвин решил сам да се научи за електроника преку расклопување на радио приемници, генератори и други направи од она што за 99,9 проценти од населението би било отпад. 15 годишниот Келвин ги пребарува локалните канти за отпадоци во потрага по делови од кои создава батерии, генератори и предаватели.

Тој самиот научил сè што знае за електроника и дури и започнал радио станица на која објавува вест и пушта музика. Келвин е најмладата личност во историјата поканета на “Visiting Practitioner’s Program” на Институтот за Технологија од Масачусетс.

- Реклама -