Келнер на 20, болен на 40

waitreess

Лоши вести за сите кои во своите дваесетти години се бават со било каква сра*е работа што не е добро платена и ја мразат (келнер, доставувач, чистач и сл.): за една-две децении, ваквите работни места го опустошуваат телото и умот.

Судејќи по студијата која доаѓа од универзитетот на Охајо, да ја мразиш својата работа додека имаш 20 и 30 (што е мошне често), значи дека додека да стигнеш до 40, веќе ќе почнеш да искусуваш симптоми на депресија, анксиозност, несоница, болки во грбот и сé почести настинки.

„Откривме дека постои акумулативен ефект на (не)задоволството од работата врз здравјето, ефект кој се појавува веќе уште во четириесеттите години од животот“, вели Џонатан Дирлам – студент по докторски студии по социологија и главен автор на истражувањето.

Прочитајте и:  Придобивките од цинкот за нашето тело и колку можеме да внесуваме дневно

Истражувањето го следело задоволството кај 6.432 Американци на возраст од 25 до 39 години. Од сите испитаници, 45% го окарактеризирале своето задоволство како константно ниско, а 23% како ниско иако се во почеток на кариерата.

Очекувано, тие што ја мразеле својата работа пројавиле полоша состојба на менталното здравје, во што е вклучена и претерано големата грижа, за разлика од нивните среќни врсници (15% од испитаниците).

Ако ништо друго, барем при ова истражување, се покажува дека веројатноста да добиете рак или дијабетес останува иста, без оглед колку сте задоволни на работа. Значи без гајле, сра*е работата нема да ве убие, само бавно ќе ве мачи.

- Реклама -