Тренерот на Шалке, Јенс Келер е разочаран од перформансите на неговите фудбалери во првото полувреме.
Шалке имаше одличен резултат по првиот натпревар со Галатасарај, но загуби на домашен терен и доживеа елиминација од Лигата на Шампионите.
Тренерот на Шалке, Јенс Келер е разочаран, но вели дека нема простор за депресија по поразот од Галатасарај.
„Немам објаснување за перформансите во првото полувреме. Игравме како пред неколку недели, без потребната агресивност, под нивото на кое што требаше да бидеме” – вели Келер по натпреварот.
„Не бевме доволно фокусирани и оставивме премногу простор на противникот. Во второто полувреме бевме подобри”.
„Тие играа со дијамант формација во средниот ред и тоа не’ изненади на почетокот. Како одминуваше времето се справуваме подобро”.
„Не треба да заборавиме и дека ни недостасуваа неколку клучни фудбалери”.
„Во второто полувреме игравме навистина добро и нема потреба да паѓаме во депресија сега”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.