Благодарение на азискиот форум за мотори Siam Rider Club имаме можност да го погледнеме новиот модел на Kawasaki, Z800, пред неговата официјална промоција од страна на Кавасаки.
Бидејќи се работи за фотографии кои сè уште не се официјално објавени немаме информации за техничките карактеристики на моторот но јасно е дека „Зелениот тим“ следната година продолжува со тематското зголемување на зафатнината на моторите.
Така Kawasaki Ninja ZX-6R повторно ќе носи агрегат од 636цц, малиот Ninja 250 ќе порасне во Ninja 300, а легендарниот Z750 следната година ќе прерасне во Z800 и како што кажува и самото име ќе носи агрегат од 800цц.
Според сликите и не се очекува драстична разлика во шасијата и самиот мотор бидејќи и оригиналниот модел Z750 носи машина која е излезена од старите ZX-9R па просторот воопшто не е проблем, а стајлингот е поагресивен и се стреми кон изгледот на постариот брат Z1000.
Објавено во соработка со Мотори.