Kawasaki го претстави новиот Ninja ZX-6R (636) 2013 (видео)

Кавасаки се враќа на стари патеки, моделот Kawasaki Ninja ZX-6R од следната година повторно добива зафатнина од 636цц како што тоа беше случај со моделите кои се произведуваа од 2003-2006 година.

Новата „Нинџа“ изобилува со напредна технологија и претставува најдобар досега произведен мотор во класата суперспорт. Изгледот е базиран на поголемиот ZX-10R, а деталите се приказна за себе. Зголемувањето на зафатнинанта на моторот на 636цц овозможува неверојатно забрзување при низок, среден и висок вртежен момент.

{youtube}5NXFOiQoQ_8{/youtube}

Моторот од фабрика доаѓа со вкупно 7 мода на работа (3 модови на „KTRC“, нормален „Power Mode“, „traction control system“ и 2 дополнителни модови за брзината). Моторот изобилува со додатоци и технологија која го подобрува спортското возење, а за безбедноста и кочењето се грижи KIBS (Kawasaki Intelligent anti-lock Braking System) системот.

Објавено во соработка со Мотори.

 

- Реклама -