Официјален катарски претставник изјави дека Хамас се согласил на договор со кој ќе ослободи 50 заложници, кои ги држи во Газа, во замена за тридневна пауза во борбите, ги пренесува „тајмс оф Израел“, извештаите на британските медиуми.
Во извештај на Ројтерс, меѓудругото, се цитира неименуван катарски функционер, кој наведува дека договорот, исто така, подразбира дека Израел ќе ослободи некои палестински жени и малолетници кои моментално се во затвор и ќе ја зголеми хуманитарната помош што влегува во Газа.
Израел засега не излезе со коментар за веста од Катар, додава „Тајмс оф Израел“.
Воени и владини претставници постојано ги отфрлаат гласините за нереализирани договори за заложниците, наведувајќи дека доколку има такво нешто тие навреме ќе ја известат јавноста.
МИА