Мажите кои сакаат да живеат подолго би можеле да добијат дополнителни 20 години со едноставна хируршка процедура – кастрација.
Студија на генеолошките записи од царскиот двор во Кореја, кои потекнуваат од пред 500 години, открила дека евнусите живееле во просек 14 до 19 години подолго од останатите мажи. Во три случаи, мажите кои биле кастрирани доживеале над 100 годишна возраст – екстремно ретка појава помеѓу 1392 и 1910 година, периодот опфатен во записите.
Истражувачите велат дека причина за оваа разлика е што кастрираните мажи немаат машки хормони кои се одговорни за скусување на животниот век. Ако хормоните како тестастеронот се одговорни за скусување на мажкиот живот, тоа би било објаснување и зошто жените живеат подолго од мажите. Тимот од Универзитетот Инха во Јужна Кореја ги анализирале податоците за животот на благородниците во царскиот двор на Чосун династијата во кои биле опфатени и 81 евнух.
Повеќето од момчињата или ги загубиле своите гениталии во несреќи, најчесто во напад од кучиња, или намерно биле кастрирани за да им биде дозволено да влезат во палатата. Иако не можеле да имаат деца, на евнусите им било дозволено да се венчаат и да посвојуваат девојчиња или кастрирани момчиња.
Истражувачите Кјунг-Џин Мин и Чеол-Ку Ли додале дека корејските евнуси имале 130 пати поголеми шанси да живеат повеќе од 100 години споредено со луѓето во развиените земји. Кралевите и нивните најблиски машки роднини имале најкуси животи, живеејќи во просек до околу 45 години што покажува дека долгиот живот не се должи само на животот во палата. [The key to a longer life – Castration]