Најновиот концепт од Art Lebedev Studio е необичен. Нивниот најнов проект е наречен Флешкус. Пред вас е блок од четири картонски флеш мемории за една употреба кои имаат различен капацитет.
Кога имате потреба за пренесување или споделување на информации само откинувате едно парче и го вметнувате во USB порт. Содржината на меморијата можете да ја напишете директно на картонот без никаков проблем. Единствена негативна страна е што не е логично да се користи преносна меморија од 16GB само еднаш. Дизајнот би бил пологичен ако е доволно цврст за да дозволи повторна употреба. Друга нелогичност е што надворешната школка на повеќето преносни мемории не е причината за нивната цена, што значи дека цената на Флешкус не би била воопшто пониска. Единствен начин овој концепт да стане реалност е ако биде значително поевтин од нормалните преносни мемории.