Картелот наречен „германски автопроизводители“

Најголемите германски производители – Volkswagen, Audi, Porsche, BMW и Daimler, беа обвинети од страна на властите во земјата за картелен договор, соопштува Der Spiegel.

Според информациите, уште во 90-тите години на минатиот век компаниите создале тајни работни групи кои си разменувале технологии и компоненти. што овозможуваат намалување на штетните гасови. Во овие групи влегуваат повеќе од 200 вработени, кои за 30 години организирале над 60 тајни состаноци. На нив се дискутирало најмногу за средствата за прикривање на реалните нивоа на штетни супстанции кои се испуштаат од дизел моторите. Антимонополските власти во Германија веќе почнаа истрага и досега е утврдено дека учесниците во овие групи разговарале и за создавање на специјални резервоари за AdBlue – течност која се користи за хемиско прочистување на исфрлените гасови од дизелските мотори.

На еден од овие состаноци претставниците на германските марки дошле до заклучок дека поголемите резервоари ќе чинат премногу скапо и затоа се договориле да прават само мали. Количеството течност AdBlue било доволно за задоволување на проверките. Компаниите Volkswagen и Daimler биле официјално известени за истрагата уште пред два месеци. А, откако тоа стана познато, акциите на двата производители на светските берзи, како и оние на BMW, почнаа да паѓаат.

Автоплус

- Реклама -