Кардиолози: Овие видови месо може да доведат до таложење на наслаги во артериите

Кога станува збор за заштита на здравјето на срцето, исхраната игра клучна улога. Додека некои видови храна можат да поддржат силен кардиоваскуларен систем, други може значително да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Некои од најлошите виновници го вклучуваат месото, велат кардиолозите д-р Мајкл Рос Мекдоналд и д-р Леонард Ганц.

Тие предупредија на три вида месо кои може да бидат особено штетни за здравјето на срцето:

1. Сланина

Колку и да е вкусна сланината, д-р Мекдоналд ја смета за едно од најлошите меса за здравјето на срцето бидејќи е полна со заситени масти и натриум. Д-р. Ганц го поддржува ставот дека црвеното месо како ова треба да се избегнува колку што е можно повеќе ако сакаме да го намалиме ризикот од срцеви заболувања.

„Црвеното месо е богато со заситени масти, што може негативно да влијае на липидниот профил. Неодамнешните истражувања покажуваат дека кога бактериите во цревата го разградуваат месото, еден од произведените метаболити е ТМАО, кој може да го зголеми ризикот од срцеви и бубрежни заболувања, како и дијабетес тип 2. Конкретно, преработеното месо како сланината и колбасите имаат нитрати кои можат да го зголемат воспалението, што на крајот го зголемува крвниот притисок што може да биде поврзано со воспаление“, изјави д-р Ганц за SheFinds.

2. Нарезок

Покрај црвеното месо, уште една главна причина за срцеви заболувања на која треба да внимавате се различните нарезци. Тој е еден од најнездравите месни производи, полн со адитиви кои можат да влијаат на целокупното здравје, особено на срцето.

Кардиолозите истакнуваат: „Преработеното сувомеснато месо е на врвот на листата на храна која може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни настани, вклучувајќи срцев и мозочен удар“.

Посно месо, како мисирка и пилешко, се одлична алтернатива.

3. Виршли

Виршлите се несомнено вкусна и популарна храна, особено кога доаѓа лето и скарата станува честа појава. Сепак, тие се лош избор за нашето срце, а прекумерното консумирање може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Д-р. Мекдоналд ги наведува виршлите како едно од најлошите преработени меса за кардиоваскуларното здравје и забележува: „Вршлите се богати со заситени масти и натриум, а сето тоа може да придонесе за развој на срцеви заболувања. Заситените масти го зголемуваат ризикот од создавање наслаги во артериите, стеснувајќи ги и ограничувајќи го протокот на крв“.

Натриумот е поврзан со голем број здравствени проблеми, особено во однос на здравјето на срцето.

„Натриумот води до задржување на течности, што може да го напрега срцето и да го зголеми крвниот притисок, што дополнително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни компликации“, заклучил д-р Мекдоналд.

- Реклама -