Кандидатка за Мис после цел ден гладување падна во несвест

Во текот на снимањето на емисијата „Летниковец“ која ја прикажува една хрватска телевизија, една од кандидатките од изборот за мис се заклати и се струполи во несвест.

Сепак, она што е најбизарно во целото видео е реакцијата на присутните во студиото, кои се обидуваа да продолжат со снимањето како се да оди во најдобар ред.

Како што наведуваат неколку портали, на кандидатката и се слошило бидејќи тој ден не јадела баш ништо, па се чувствувала подобро откако и донеле сендвич.

[youtube]http://youtu.be/GXb7RtDGo6c[/youtube]

- Реклама -