Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД: „Златната купола“ би можела да достигне цена над еден трилион долари.

3

Предложениот ракетен одбранбен систем од страна на американскиот претседател Доналд Трамп би можел да чини повеќе од еден трилион долари во следните дваесет години, се вели во извештајот на Канцеларијата за буџет на американскиот Конгрес. Според независните проценки, вкупните трошоци за проектот познат како „Златната купола“ се проценуваат на околу 1,2 трилиони долари.