Home 365 Денес „Канал 5“: Нема да се самодемантираме поради некои структури на кои не им се допаѓа изјавата на Каракачанов

„Канал 5“: Нема да се самодемантираме поради некои структури на кои не им се допаѓа изјавата на Каракачанов

0
„Канал 5“: Нема да се самодемантираме поради некои структури на кои не им се допаѓа изјавата на Каракачанов

Неверојатно е барањето „Канал 5“ да се самодемантира за изјава што ја кажал лично вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија – Красимир Каракачанов, реагираат од телевизијата откако денеска до нив стигнал мејл од Прес центарот на бугарското Министерство за одбрана, во кој се бара од нив „да бидат коректни и да не шират невистини“.

Од „Канал 5“ велат дека реакција од одредена заинтересирана страна имале уште во средата, кога го објавиле овој дел од интервјуто, но посочуваат и дека мејлот од Бугарија нема ниту архивски број, ниту потпис, ниту соодветен печат, како и дека Министерството за одбрана воопшто не е надлежно за номинирањето на дипломатски претставници (туку е Министерството за надворешни).

„Интересно е што поголем дел од бугарските медиуми точно ја пренесоа изјавата на г-дин Каракачанов, така што Канал 5 ТВ нема намера да потпадне под притисокот на некои структури на кои не им се допаѓа соодветната изјава на вицепремиерот на Бугарија“, велат во реакцијата од „Канал 5“ и потсетуваат дека целосното интервју ќе биде емитувано денеска во 18 часот. Одговорот на „Канал 5“ до кабинетот на Каракачанов можете да го видите на следниов ЛИНК (веднаш под насловот).

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here