Канадскиот парламент му ракоплескаше на нацист од ВСВ зашто бил „херој против Русите“, Трудо засрамен, Полска бара екстрадиција

Канадскиот премиер Џастин Трудо на прес за новинарите синоќа изјави дека е „многу вознемирен од ситуацијата“ со поздравувањето во парламентот на Канада на украински ветеран од Втората светска војна, кој беше претставен како херој од војната на Украина против Русите, но всушност бил припадник на германска СС дивизија.

Трудо кажа дека спикерот на парламентот Ентони Рот, чиј кабинет го поканил воениот ветеран, „ја призна својата грешка и се извини“. Поради инцидентот Полска побара извинување од канадското МНР. Русија испрати протестна нота. Ситуацијата исто така ја осудија и ОН.

„Мислам дека е најважно да настапиме против руската пропаганда, руската дезинформација и да продолжиме со нашата цврста и безусловна подршка за Украина“, рече канадскиот премиер.

Скандалот со поканата во канадскиот Парламент на Јарослав Хунка, кој за време на Втората светска војна служел во составот на дивизијата „Галиција“ на СС, се случи во петокот за време на заседание на парламентот во присуство на украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој се обрати на заседанието. Спикерот Рот го претстави Хунка како „херој во борбата против Русите“, при што присутните, меѓу кои и Зеленски, неговата сопруга и Трудо, му укажаа чест со стоечко ракоплескање.

По реакција на неколку еврејски организации, меѓу кои и Пријатели на центарот Симон Византел за изучување на Холокаустот – Симон Византел од Канада, дека Хунка всушност е бивш припадник на СС, спикерот ја призна грешката и веднаш испрати извинување.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион

Трудо посочи дека ниту тој ниту делегацијата на Зеленски не знаеле за поканата во парламентот на поранешен член на СС.

Поради скандалот, канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли денеска повика на оставка на Рота, нарекувајќи го инцидентот „апсолутно неприфатлив“ и „срам за парламентот и Канаѓаните“. Рота, пак, се извини за стоечките овации што во парламентот ги доби членот на нацистичката формација.

Но, Полска не остана само на барањето за извинување. Како што соопшти полскиот министер за образование Пшемислав Чарнек, тој презел чекори за екстрадиција на 98-годишниот нацист.

„Со оглед на скандалозните настани во канадскиот парламент во врска со оддавањето почит на член на криминалната нацистичка формација СС ‘Галиција’, во присуство на претседателот на Украина Володимир Зеленски, презедов мерки за организирање на негова евентуална екстрадиција во Полска“, напиша Чернак на социјалната мрежа Х.

Дивизијата на СС учествувала во репресивните операции во југоситочна Полска и во дистрикт Галиција. Од есента 1943 година делови од дивизијата се користеле за воени операции против партизаните на територијата на источна Европа.

Од центарот Византел укажаа дека Првата дивизија на СС „Галиција“ „беше одговорна за масовните убиства на невини цивили со таква бруталност и злоба кои не можат да се замислат“.

Извор: МИА

- Реклама -