Kaмерите GOPRO влегуваат во сериски автмобили

Веќе неколку компании најавија дека ќе вградат камери GoPro во своите автомобили. Први тоа го направија GM во Chevrolet Corvette 2015 во кој може да се снима видео и аудио. Втора сериозна компанија која има намера за тоа е BMW.

Според информациите германскиот автопроизводител ги здружува силите со GoPro, за да може во најскоро време да си дозволи употреба на компактната видео камера. Баварците тоа ќе го сорат со интеграција во нејзиниот  стандарден инфо систем. Тоа ќе се случи мошне брзо и веќе од следниот месец сите автомобили на BMW и Mini, со производство по 2012 ќе можат да монтираат GoPro и да ја вклучат преку протоколот Wi-Fi кон фабричкиот  мултимедијален систем. Доколку возилото има вградена камера од централниот дисплеј ќе можат да се контролираат функциите на истата преку специјална апликација која може да се симне од Интернет. Клиентите ќе можат да избираат меѓу шест режими на работа на камерата, меѓу кои нормално видео, забавено и спортски режим.

 

- Реклама -