Романија е веројатно најпозната по легендарната приказна за Дракула, но на тоа тло се одвиваат и други, несомнено поинтересни природни активности. Овие камења, познати под името „трованти“ се занимливи по тоа што, буквално растат сами од себе.

Процесот на растење започнува со послеедната капка дожд. Станува збор за мултипликациски процес, во кој камењата заземаат разновидни, најчесто округли форми. Тровантите имаат цврста камена основа, но нивната обвивка е главно составена од песок и најчесто се среќаваат во песокливи региони. Според научните тврдења, тровантите настанале како резултат на цементациски процес кој се случил пред милиони години. Денес, формите образувани од тровантите се постигнати како последица од неправилна секреција на цемент.
Во 2006 година беше подигнат музеј, во кој се изложени неколку примероци од овие камења, од најмали примероци, се до џиновски камења со раст од над 10 метри. Музејот се наоѓа во Костести, мало село во регионот Валцеа. линк .