Камала Харис: САД нема да ја условуваат „поддршката што ја дава на Израел за да се брани“

Американската потпретседателка Камала Харис рече дека САД не ја условуваат помошта за Израел, одговарајќи на новинарско прашање во Лондон за тоа дали администрацијата треба да ја услови воената помош за Израел со намален број на цивилни жртви во Газа во војната против Хамас.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме правото на Израел да се брани“, изјави Харис пред новинарите по завршувањето на Самитот за безбедност на вештачката интелигенција во паркот Блечли во Милтон Кејнс, Англија.

„И да бидеме јасни и никогаш да не заборавиме што се случи на 7-ми октомври, каде што стотици, илјадници – 1.400 невини луѓе беа убиени, масакрирани – млади луѓе кои едноставно присуствуваа на концерт. Поради тоа нема да ја условуваме поддршката што му ја даваме на Израел за да се брани“, додава таа.

Прочитајте и:  САД ќе ѝ обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“

Харис, исто така, рече дека жали за смртта на цивилите во Газа, нагласувајќи дека Вашингтон „не му кажува на Израел како треба да ја води оваа војна“.

МИА

- Реклама -