Калинка, овошје што може да ви ја разубави зимата

Pomegranate_Image

Калинката помага во намалување на болката и воспалението во зглобовите. Докажано е дека калинката ги запира ензимите пред тие  да предизвикаат воспаление и на тој начин се спречува болката што се јавува како последица од воспалението.

Лек против маларија.  Во древната индиска култура калинката била единствен лек против маларијата ,поради мошне силните антипаразитски својства.  Чувајте ја калинката до наредното лето доколку планирате да одите на некоја егзотична дестинација.

Поради антивирусните својства калинката е овошје, измислено за претстојниот период  на настинки и грип. Ова својство на калинката е толку силно што дури се проучува дека истата може да се употребува како алтернативна метода во лекување на ХИВ вирусот.

pomegranate-seeds

Цветот на калинката  е ефикасен кога е во прашање намалувањето на зголемениот крвен притисок. Цвеќето на калинката содржи масла што го зајакнуваат метаболизмот на слободните триглицериди. Овие триглицериди го чуваат добриот холестерол.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Магична салата од морков и калинка 

Потребни состојки:

2 филџана рендан морков

Едно поголемо јаболко – излупено и исецкано на коцкички

Една лажица сок од лимон

2 лажици мед

¼ филџан суво грозје

½ филџан зрна од калинка

Јаболката и морковот се ставаат во сад и се прелеваат со сокот од лимон, па добро се мешаат.

Медот и сувото грозје се помешуваат, па им се додаваат семките од калинката, потоа сето тоа се помешува со морковот и со јаболкото.

jeweled-carrot-salad-horizontal

 

- Реклама -