Калеска-Ванчева: Промена на химната никогаш не сме договарале и за такво нешто не треба ни да дискутираме

Промена на државните симболи (химната, знамето или грбот) ниту било разговарано, ниту стигнал предлог тоа да биде разговарано, ниту во Владата, ниту во СДСМ, истакна пратеничката на СДСМ – Снежана Калеска-Ванчева, во „Топ тема“ на ТВ „Телма“, пренесува „Локално“.

Калеска потенцираше дека таков предлог никогаш не бил дел од било каков коалициски договор и рече дека не верува дека такви разговори се почнати или дека наскоро да започнат. Таа подвлече и дека нејзиниот став е дека за промена на државните симболи не треба ниту да се дискутира.

Лидерот на ДУИ, сакајќи или не, ја наметна темата со тоа што во вчерашното гостување во ТВ „Клан Македонија“ рече дека промената на химната е прашање на време. Од кабинетот на Заев, во меѓувреме, демантираа дека такво нешто било преговарано.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 
- Реклама -