Ахмети: Разговарано е за државните симболи, промената на химната е прашање на време

Промената на државната химна „Денес над Македонија“ била тема на разговор со лидерот на СДСМ – Зоран Заев, и е само прашање на време, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети, во вчерашното гостување на ТВ „Клан“, пренесува „Сител“.

Тој откри дека со актуелниот премиер било разговарано и за промена на останатите државни симболи – покрај химната, и за знамето и грбот.

„Се разговарало и за химната, и за грбот, и за знамето. Ова се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договорот помеѓу Македонците. Што се однесува до химната, се разговарало и нема којзнае какво противење. Тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви“, рече Ахмети.

„Сител“ побарал став и од СДСМ и од Владата, но засега одговор нема.

- Реклама -