Путин влегува полугол во ледено студена вода за време Водици… Путин лови риба, исто полугол… Путин гали куче… Путин вози точак… Путин игра хокеј… Путин крева тегови… Овие слики ги красат ѕидовите на многу Јапонци… Ама и Јапонки.
Календарот со Путин убедливо растура во Јапонија, засенувајќи ги дури и домашните неверојатно популарни ѕвезди, било да доаѓаат од областа на спортот или поп-културата.
Популарниот ланец продавници Loft – кој продава разна покуќнина и предмети за домаќинство, и има ексклузивно право на календарот со 66-годишниот руски претседател, вели дека Путиновиот календар убедливо доминира во продажбата, и тоа низ цела Јапонија. Од компанијата соопштуваат дека во септември почнале да продаваат календари со „низа славни луѓе“, но никој не успева да продаде ни близу колку што успева Путин.
Додуша Loft продава календар со Путин веќе трета година, токму поради популарноста. Во календарите од минатите години, сега вклучен е и најновиот за 2019-та, во кој, на пример, го има Путин додека игра во снег со своето куче Yume (на јапонски значи „Сон“) од расата Akita Inu од префектурата Akita во Јапонија, кое Путин го доби од гувернерот на областа во знак на благодарност за помошта од Русија по тројната катастрофа од март 2011-та (земјотресот, цунамито, Фукушима). Во ланскиот календар, пак, ја има славната фотографија од Путин додека полугол лови риба.
Веројатно дел од Јапонците календарите со Путин ги купуваат иронично, како вид на практична шега. Но тоа не го менува фактот што календарите на Путин се попродавани од тие на сериозни јапонски селебрити имиња. На пример, вториот најпродаван е календарот со Кеи Танака – 34-годишен актер кој игра во низа популарни ТВ серии и филмови во Јапонија. Трет најпродаван е календарот на Јузуру Ханју – 24-годишниот двократен олимписки шампион во машко уметничко лизгање. Голем дел од популарноста на Ханју се должи и на неговиот „шармантен момчешки изглед“, а неговиот втор последователен златен медал на Олимписките игри во 2018-та го крена до статус на јапонско божество. Како што пишуваат јапонските медиуми, ова е единствената ситуација кога за Ханју може да се рече дека во нешто е „трет“, а ете, благодарение на Путин.
Меѓутоа, како што пренесуваат јапонските медиуми, во последно време се појавува и голем бран на самопрогласени „фанови на Путин“ меѓу младите жени во Јапонија. Овој бран носи голема заслуга за тоа што календарот со Путин го држи самиот врв во продажбата. Како што пишува Livedoor News, многу од жените велат дека има нешто привлечно кај поранешниот КГБ агент и актуелен руски „контроверзен“ (според западните медиуми) претседател. Некои од нив посочуваат дека тоа е веројатно неговиот невообичаен стил и нескриениот мачоизам.
500RT:【大人気】プーチンカレンダーがロフトで売上げ1位!羽生結弦や田中圭を抑えhttps://t.co/BmWLqdObSc
「著名人カレンダー」で全店舗合計1位に。購入層は若い女性といい、犬を溺愛する姿などのギャップが人気だそう。 pic.twitter.com/9enrac5Ti1
— ライブドアニュース (@livedoornews) December 12, 2018
There’s more… pic.twitter.com/q0fJ8FoIxi
— Dan Walker (@mrdanwalker) July 1, 2018
Исто така во календарите со Путин:
https://twitter.com/RussiaInsider/status/1074637064661016576