Калас: ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е потребно

Европска Унија мора да ја поддржи Украина „колку што е потребно“ во нејзината борба да ја одбие руската инвазија, изјави денеска именуваната Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

– Ситуацијата на бојното поле е тешка. И затоа мора да продолжиме да работиме секој ден. Денес, утре и онолку долго колку што е потребно и со толкава воена, финансиска и хуманитарна помош колку што е потребно, истакна Калас пред пратениците.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -