Изборот на долна облека кај жените е цела филозофија, а кај мажите е супер-едноставно – облекувате гаќи и тоа е тоа. Сепак, не е сеедно какви. Бели памучни, боксерици, слип или танга, преку машката долна облека може да се дознае по нешто за карактерот на оној што ги носи.
Боксерки
Мажот што носи боксерки не се плаши да изеде парче пица од завчера, никогаш нема доволно тоалетна во станот, а дезодорансот за него е чисто фрлање на пари. Обожава да носи долна облека со смешни пароли или ликови од стрипови. Ваквиот маж е големо дете и не планира да порасне.
Слип (тесни) гаќи
Овој маж сака се да има под контрола. Знае кога треба да е елегантен, а кога смее да се опушти. Редовно вежба и никогаш нема да си дозволи салото да му се прелива преку ивицата на гаќите. Слип гаќите се избор на мажот што точно знае што сака.
Обични гаќи
Мажот што носи обични (а особено бели) гаќи, не успева да го остави минатото зад себе и да се фокусира на иднината. Најверојатно ги носи уште од детство, што покажува дека не е склон на промени и сака да игра на сигурно. Со обзир на тоа што неговиот татко, дедо и прадедо носеле вакви гаќи, мајка му му купува исти такви. А тој упорно ги носи, што го прави мамин син.
Без гаќи
Нема ништо секси во неносењето на долна облека. Тоа најчесто е знак на мрза или дека не стигнал да си ја испере долната облека. А ако не успева да заврши вакви основни обврски, не очекувајте ни дека ќе заврши нешто сериозно важно.
Танга
Каква и да е неговата сексуална определба, освен во секс-игри, тангата е нешто што треба да го избегнува, како и вие што треба да ги избегнувате мажите во танга. Тие се толку опседнати со себе и својот совршен задник што им е поважно долната облека да не се отцртува на панталоните, отколку да направат било што за вас.