Драги девојки! Ако до сега не ви беше грижа каков автомобил има вашето момче, можеби отсега ќе почнете да размислувате.
Дека автомобилот зборува многу за сопственикот е познато. Но, не и во оваа смисла.
Верувале или не,правено е истражување кое покажало дека мажите кои возат одредена марка на автомобил се поневерни од останатите. Истражувањето го спровела најголемата британска станица за онлајн дејтинг Encounters, а резултатите покажале дека на прво место се возачите на Ауди.
Второто место им припаѓа на возачите на БМВ, кои лани биле на прво место, а потоа ги следат оние што возат Мерцедес, Волво и Волксваген.
Сопствениците на Пежо, Рено, Шкода и Хјундаи се наоѓаат на дното на листата.