Освен двете одлични одбрани на Џо Харт, здодевноста на „Етихад“ беше речиси неподнослива. До тој степен што режисерот на директниот пренос беше принуден да импровизира за да го задржи интересот на гледачите.
И така, човекот прибегна кон најефикасниот метод – на секои неколку минути камерите покажуваа крупен кадар од Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Реал го пропушти дуелот поради повреда, но дури и на клупата се покажа како поатрактивен за гледање од неговите испотени колеги на теренот.
Како Португалецот го помина времето на стадионот во Манчестер? Сликите зборуваат сами за себе.