Како рекламата ги манипулира корисниците со страв, носталгија и итност

Кои средства ги користат рекламните агенции, за да постигнат лојалност на публиката и да ги принудат луѓето да направат излишни набавки?

Користење на популарни теми

1

Брендовите позајмуваат популарни слики од филмови и серии, а потоа ги приспособуваат кон своите реклами. Луѓето гледаат на екранот услови кои во реалниот живот се невозможни. На пример во серијата „Пријатели“ Моника и Рејчел, иако немаат стабилна работа, на почетокот, живеат во огромен стан во Менхетен.

Компаниите користат слични ситни моменти во своите реклами, покажувајќи навидум просечни слики од луѓе кои сепак живеат многу подобро отколку што е можно во реалниот живот. Гледачите се стават на местото на омилените ликови и во нив се јавува желбата да го купат она што им се нуди. Често рекламата се качува на врвот на бранот, ако е поврзана со голем спортски настан, популарна ѕвезда, излегувањето на нов, долгоочекуван филм / серија.

Намалување

2

Независно од тоа што методот е стар и веќе излитен од употреба, потрошувачите продолжуваат да паѓаат во неговата стапица. Кога стоката се продава со “намалување” човекот гледа можност да заштеди 10%, 20%, па дури и 50%. Всушност многу продавници едноставно не ја продаваат стоката по почетната цена и набрзо едноставно ја “намалуваат”, за да ја постигнат саканата добивка.

Други сродни методи се продажбата на три производи, по цена на два. Луѓето влегуваат во продавницата за одредена стока, но кога им зборуваат за можноста да склучат ексклузивен договор и да добијат нешто бесплатно тешко им е да се откажат. Така добиваат нешто непотребно, а трговецот успева да се ослободи од непродадената стока.

Стравови

3

Луѓето често купуваат од страв – не сакаат да изгледаат лошо, да ги гледаат како глупави, да заостануваат во кариерата, да го стават своето семејство во опасност, да се предмет на потсмев од колеги и соседи. Пазарот вешто ги контролира овие проблеми, кои често се без основа. Многу реклами се насочени кон тоа да го принудат гледачот да се чувствува недоволно успешен, а често и отворено да ги исплашат гледачите.

Пример е рекламата на Lysol за време на свинскиот грип. Тогаш брендот се рекламираше со следната порака: “Засега не знаеме што го предизвикува ширењето на вирусот, но нашите производи за хигиена ќе ви помогнат да се заштитите од болеста”. Грубо се навестува дека користењето на нивните антибактериски производи ќе помогнат општеството да се справи со овој проблем.

Значајност на одредена стока

4

Кон почетокот на минатиот век дијамантите не биле особено популарни, но во 1938г.  од компанијата De Beers, чувствуваат потреба да ја поттикнат продажбата, и објавуваат реклама со цел го популаризираат прстенот со дијамант меѓу младите. Така овој камен станува незаменлив барем во еден момент од животот.

Користење на боите

5

Психологијата на боите го принудува корисникот да доживува одредена реклама. На пример, црвената го возбудува апетитот, сината е бојата на довербата, портокаловата навестува пријателски чувства, зелената значи стабилност и напредување.

Носталгија

6

Презентирањето на стоки пред постара публика често се потпира на споменот за “старите добри времиња”. Се користат ѕвезди, песни и филмови популарни пред 10 и повеќе години.

 

- Реклама -