Светот уште се тетерави по информацијата дека Доналд Трамп е 45-тиот претседател на САД, а карикатуристите и уметниците побрзаа да ги изразат своите ставови (читај: својата критика и загриженост) на темата преку медиумот што најдобро го познаваат. Макар што…
„Си цртав така една вечер пред неколку недели, онака малку пивнат/поднапушен, и си се смеев на идејата дека Трамп стварно може да го изберат за претседател. И баш ми падна криво, пошто ептен смешна ми излезе карикатурата, а нема да имам прилика да им ја покажам на луѓето“, би признале барем пола од нив кога би биле искрени.
Ама за нивна среќа, претседателот Трамп се случи, а карикатуриве добија и смисла и актуелност. Среќата е и наша, зашто меѓу нив има стварно добри.