Како Путин седи со светските лидери и најблиските соработници, а како со стјуардесите од Аерофлот (ФОТО)

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со „вработените“ на најголемата руска авиокомпанија Аерофлот, откако денеска истата ги суспендираше сите меѓународни летови (освен со Белорусија), следејќи го предупредувањето од руската агенција за цивилна авијација – „Росавијација“ до сите руски авиокомпании: дека поради санкциите од Западот за нападот на Украина, додека се на странско тло, ризикуваат да им бидат запленети сите авиони, патнички и товарни, кои не се во нивна сопственост. Случајно, на средбата Аерофлот ја претставуваа исклучиво фино дотерани и нашминкани атрактивни дами, и ниту еден маж.

Покрај состојбите во авиокомпанијата и санкциите од Западот, Путин на дамите им зборуваше за „специјалната воена операција“, попат и се закани со „катастрофални последици за светот“ доколку било кој воведе забранета зона за летање над Украина, а притоа и посочи дека украинските власти се „нео-нацисти“. Не недостасуваа ниту обиди да ги шармира соговорничките, на што беше возвратено со најширока насмевка од уво до уво секогаш кога некоја од нив ќе забележеше дека е во кадар.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

На средбата со вработените од Аерофлот, интересен беше и распоредот на седење, сосема спротивен од она што навикнавме да го гледаме во последно време од Путин. Имено, за разлика од неколкуте средби со светски лидери, министри и генерали, овојпат немаше дистанца од десетина метри, туку рускиот претседател седеше буквално опкружен со претставничките на авиокомпанијата. Па, поаѓајќи од тоа дека „една слика вреди 1.000 зборови“, повелете да направиме фото споредба:

Путин со германскиот канцелар Олаф Шолц
Путин со францускиот колега Емануел Макрон
Путин со својот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров
Путин со своите министри и разузнавачи кога ја призна независноста на двете републики во Донбас
Путин со својот министер за одбрана Сергеј Шојгу и шефот на руските воени сили Генерал Валери Герасимов, кога им нареди да ги стават силите за нуклеарна одбрана на готовс
Путин со „вработените од Аерофлот“

Еве и видео:

- Реклама -