Ваква каскадерска сцена не се случува секој ден во реалноста.
Имено, оваа жена во жолто „пежо“ прелета подигнат мост во Хрватска, и тоа, на два и пол метри висинска раздалеченост од другата страна.
Според очевидците, и покрај сигнализацијата и предупредувањата, таа со полн гас поминала преку мостот, а после 20 метри застанала.
Мостот се подигнува секој понеделник, среда и петок во 9 наутро.