Еден француски експерт верува дека ја решил една од најголемите мистерии во науката – прашањето поради кои причини изумреле Неандерталците. Неговата теорија? Модерните луѓе ги изеле.
Еден француски експерт верува дека ја решил една од најголемите
мистерии во науката – прашањето поради кои причини изумреле
Неандерталците. Неговата теорија? Модерните луѓе ги изеле.
Оваа контрoверзна теорија следи после публикацијата на Журналот за антрополошки науки за неандерталската вилична коска која по се изгледа била изглодана од првобитните човечки суштества. Сега водачот на истражувачкиот тим тврди дека неандерталецот бил изеден од луѓето, додека неговите заби веројатно биле користени како накит.
Фернандо Рози од парискиот Centre National de la Récherche Scientifique, тврди дека виличната коска веројатно била отстранета за да се извади месото, вклучително и јазикот. Фактички, методот бил сличен на тој кој луѓето го користеле за да заколат елен во раното Камено доба.
„Ненадерталците биле истребени на насилен начин кога во некои случаеви модерните луѓе ги искористиле како храна“ тврди Рози.
Оваа теорија им противречи на оние претходните од научниците кои веруваа дека Неандерталците исчезнале на начин кој не бил насилен. [How Neanderthals met a grisly fate: devoured by humans]