Краткиот одговор е: исто како да спиеш.
Tesla направи прилично големи достигнувања кога се зборува за пионерството во автомобилската автопилот индустрија, така што беше прашање на време кога ќе се случи следнава ситуација.
Еден сопственик на моделот Tesla S беше фатен како ја користи технологијата на најлежерен можен начин – спиејќи, додека автомобилот е ставен на автопилот и се движи низ густиот сообраќај на еден автопат.
Многу го критикуваат возачот дека тоа воопшто не е безбедно за него и за другите, со оглед на тоа што автопилотот на Tesla e дизајниран за да биде помошна алатка за возачите, а не за да ја има целата контрола и да ги покрива со ќебенце додека спијат. Други сметаат дека тоа е во ред, бидејќи автопилотот секако ќе му сигнализира кога треба да преземе. Додуша луѓето преспиваат и преку 10-тина аларми, така да…
Иако автопилотот на Tesla уште го нема она футуристичко ниво каде што сé може да прави сам, досега се покажа многу ефикасен во избегнување на несреќи и чувајќи ги луѓето безбедни. Сепак, ако сите почнат да возат како главниот актер во видеово, нé очекуваат неволји.
Како и да е, не е далеку денот кога оваа глетка ќе биде вообичаена на патиштата.