Порано можеби фудбалот го носеше приматот на најмажествен спорт, но изгледа дека во овие нови времиња жените повеќе „паѓаат“ на испотени мажи на ролери. Така барем тврдат резулатите добиени на истражувањето направено од компанијата за спортска опрема и маркетинг Ritch & Dobrinsky, кое имаше цел да открие кој спорт жените го сметаат за најмажествен.

Компанијата спроведе анкета во која учествуваа 683 жени од 36 држави. Во 2009 статистиката покажува дека возењето ролери добива поголема предност отколку во минатите години, со што и се искачи на врвот на оваа топ листа на мажествени спортови. Очигледниот пораст на гласовите за најмашки спорт според експертите, не е заради порастот на целокупната мажественост на возењето ролери во очите на женскиот пол, туку заради намалените машки атрибути на другите спортови кои се бореа за истата титула.
Поголем процент од испитаничките искажале незадоволство од дресовите кои се користат во другите спортови тврдејќи дека тие не откриваат премногу. Поголем број истакнале дека кога жените гледаат спортски настан би сакале да гледаат повеќе „депилирани гради и нозе.“
„За мене машкоста е капки пот кои течат низ добро исончан грб без влакна, а ниеден друг спорт не го доловува тоа повеќе од возењето ролери.“ според една од испитаничките.
Какви и да се причините, ова истражување зборува само за себе: возењето ролери ја понесе титулата оваа година, а за сите оние жени кои го делат мислењето со испитаничките кои учествуваа во студијата, би сакале да ја споделиме оваа галерија на привлечни мажи во акција.
Текстот погоре е замислен како првоаприлска шега.