Станете детектор за лагиВовед во детектирање на лаги:
Следните техники се често користени во откривање на лагите од страна на полицијата и експертите за безбедност. Овие сознанија се корисни и за менаџерите, вработените и за сите луѓе во секојдневните ситуации кога откривањето на лагата може да ве заштити да не бидете жртва на измама.
Предупредување: Некогаш игнорирањето е благослов; по откривањето на ова сознание, можете да бидете повредени кога е очигледно дека некој ве лаже.
Знаци на измамата:Знаци на телото:
· Физичката експресија ќе биде ограничена и укочена, со неколку движења на рацете и шаките. Движењето на шаките, рацете и нозете е насочено кон сопственото тело и тој што лаже има помалку простор.
· Личноста што лаже го избегнува контактот со очите.
· Со рацете го допира своето лице, врат и уста. Се допира или го чеша носот или позади увото. Веројатно нема да го допира своето срце со отворена дланка. Емоционални гестикулации и Противречности
· Времето и траењето на емоционалните гестикулации и емоции се надвор од нормалниот тек. Прикажувањето на емоциите е задржано, подолго време се прикажуваат за потоа одеднаш да запрат.
· Постои временска разлика помеѓу емоционалната експресија и зборовите. Пример: Некој вели „Ми се допаѓа тоа“ кога добива подарок, а потоа се насмевнува, значи зборовите и насмевката не се истовремени.
· Гестикулацијата не е еднаква со вербалната изјава, како да се муртите кога велите „ Те сакам“
· Кога некој лажира емоции ( како среќа, изненаденост, тага ) експресијата е ограничена на движења со устата наместо на целото лице. На пример: кога некој природно се смее целото негово лице е вклучено: вилицата, образите, очите, челото итн.
Интеракции и Реакции
· Личноста што се чувствува виновна е дефанзивна, спремна за одбрана. Невина личност обично оди во офанзива.
· На оној кој лаже му е непријатно да биде свртен со лице кон соговорникот и обично ја врти главата или телото.
· несвесно може да поставува објекти( книга, шоља за кафе) помеѓу него и вас.
Вербален контекст и содржина
· Ги користат вашите зборови за да одговорат на прашањето. На прашањето: „ Дали го изеде последното колаче?„ тој/таа ќе одговори: „ Не, јас не го изедов последното колаче.„
· Лажговците некогаш го избегнуваат „ лажењето“ неправејќи директни изјави. Тие го претпоставуваат одговорот наместо директно да одречат нешто.
· Виновната личност може да зборува повеќе од вообичаено, додавајќи непотребни детали за да ве убеди…не им е пријатно во тишина или паузи во разговорот.
Лажгото може да ги изостава заменките и зборува со монотон глас. Кога ќе каже вистинито нешто , тогаш заменката ја нагласува повеќе од останатите зборови во реченицата.
· Зборовите можат да бидат нејасни и изговорени тивко, без синтаксички и граматички правила. Со други зборови, нивните реченици се збркани и нејасни.
Други знаци на лагата:
· Ако мислите дека некој лаже, сменете ја брзо темата на разговор; тој што лаже тогаш ќе стане порелаксиран. Тие што се чувствуваат виновни сакаат да ја сменат темата на разговор; невина личност ќе се збуни од ваквото нагло менување на темата и ќе сака да се врати на претходната.
· Употреба на хумор и сарказам за да се избегне одредена тема.
Крајна забелешка:Ако некој има еден или два од овие знаци не значи дека е лажго. Претходно изложеното однесување треба да биде споредено со вообичаеното однесување на личноста и доколку има значајни разлики можеме да се посомневаме дека таа личност лаже.