Светскиот рекорд во најбрзо решавање на Рубикова коцка е под 5 секунди, поставен од 15-годишник. Тој факт, а и ако сте ги ѕирнале тоа нердовите по натпреварите во брзо решавање, јасно ви зборува дека при решавањето на Рубикова коцка има некои цаки што се скриени за обичните смртници. Еве ви еден скоцкан (pun intended) визуелен водич што ќе ви ги открие, макар што фино е да ја имате барем еднаш решено онака самите, „пешки“.
Во „The Pursuit of Happyness“, Вил Смит решава Рубикова коцка и со тоа го импресионира CEO-то на која и да беше компанијата во која сакаше да се вработи. Не гарантираме дека и вас ќе ви успее, ама барем ќе биде фраер(к)и во друштво, под услов друштво да не ви се тоа нердовите од натпреварите.
Инфографикот е земен од ТУКА.