Kaко да препознаете неверство?

Неверството  е една од најчестите причини за развод во светот. Сопругот или сопругата не ги издржале проблемите и почнуваат меѓусебни лаги, средба со други партнери, а понекогаш и со неколку партнери.

Пред да се ставите во улога на детектив и започнете  со „истрага”, прво размислете што ќе заработите од тоа. Дали сте подготвени за најлошото – да дознаете дека вашиот партнер мами?

Потоа ако сте подготвени – што планирате да направите по тоа прашање ? Ако  побарате развод, ќе имате ли доволно средства за судови  и самостоен живот? Ако не побарате, ќе можете ли да живеете со тој факт? Ќе можете ли да започнете нов живот?

Во ваква ситуација потребно е  да дејствувате ладнокрвно и осмислено – турбулентните емоции од ваша страна ќе го издадат вашиот сомнеж. Тој/таа  ќе започне да внимава на  „однесувањето” некое време, можеби дури и ќе престане да се гледа со љубовникот.  Но откако ќе се смирите, ќе продолжи со изневерувањата. Зато најдобро е рационално да поткопате.

neverstvo

Неверниот партнер веднаш ги брише SMS пораките, затоа проверете ги  најпрво појдовните повици.

Сепак, постојат неколку работи кои издаваат во ваква ситуација . Внимавајте на нив.

Прв знак – постојано работи до доцна, отсуствува  од дома и за време на викендите.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Втор знак – постојано добива  повици и пораки од „пријатели” и „колеги”, кои задолжително се спроведуваат или читаат насамо во друга соба.

Трет знак – Неподготвеност за секс. Сепак внимавајте  бидејќи недостатокот на либидото и желбата можат да се должат  и на стресови  на работното место или проблемите со децата. Но, доколку ништо не е проблем, а ова се случува во континуитет, треба да знаете дека нешто не е во ред.

Четврти знак – Невнимание кон сопругата/сопругот – Телевизија, интернет, дистанца, странци.

Петти знак – Избрзани и кратки објаснувања за тоа зошто се задржува на работа  или зошто ќе отсуствува викендот. Ако го/ја  прашате за истото само едно деноноќие подоцна, приказната ќе „издува” од нови факти, додека старите ќе бидат  веќе заборавени. Ова покажува дека оправдувањето е измислено.

Ако се судрите со љубовницата/љубовникот , нема да постигнете ништо, освен да се вознемирите. Овие луѓе си ја знаат улогата и свесни се  дека таму некаде постои семејство, но тоа не ги предомислило.

Останува на вас, ако го докажете своето сомневање да донесете одлука, која никако нема да биде лесна…

- Реклама -