Многумина од нас, иако се свесни дека цигарите им пречат и се лоши за здравјето, се плашат да ги остават, заради реалниот страв од покачување на телесната тежина која многу често следува. Еве неколку тајни како да не се здебелите откако ќе им кажете збогум на цигаите.
Многумина од нас, иако се свесни дека цигарите им пречат и се лоши за здравјето, се плашат да ги остават, заради реалниот страв од покачување на телесната тежина која многу често следува. Еве неколку тајни како да не се здебелите откако ќе им кажете збогум на цигаите.
1. Одбегнувајте строги диети
Откако ќе престанете со пушење, немојте да го менувате режимот на исхрана. Строгите диети со време ќе предизвикаат покачување на килограмите. Јадете исто количество храна како и претходно и ништо нема да се промени.
2. Одбегнувајте грицки
Многумина, по откажувањето од пушење, за да ја задоволат оралната фиксација посегнуваат по грицките. Ова е најголемата грешка која сосема сигурно ќе ви ги зголеми килограмите. Грицките имаат висока калорична вредност, затоа одбегнувајте ги по секоја цена. Доколку морате да грицкате нешто, послужете се со парче овошје. Јаболкото ви е најдобар избор.
3. Пијте многу вода
Водата ќе ви го намали апетитот и ќе ви го хидрира организмот. И во нормални услови треба да пиете најмалку 2 литра вода дневно, а тоа особено важи доколку се откажувате од пушење.
4. Концентрирајте се на храна богата со хранливи материи
Некои научници тврдат дека тенденцијата за прејадување потекнува од изборот на храна која има мало количество хранливи материи. Затоа, направете умен избор и јадете овошје, зеленчук, ореви, лешници итн. Одбегнувајте ги слатките, зашто тие имаат многу калории, а малку хранливи материи.
5. Употребувајте помали чинии
Истражувањата покажале дека колку се поголеми чиниите од кои јадеме, толку е поголема количината на изедена храна. Користете помали чинии, со што ќе го измамите мозокот и ќе изедете помалку.
6. Вежбајте
Вежбањето создава позитивни чувства. Со вежбање, побргу ќе го натерате телото да ги „заборави“ ефектите од пушењето. Исто така, со вежбање ќе трошите многу повеќе калории, што значи толку се помали шансите да се здебелите.