Како да натерате маж да се вљуби

Како да натерате маж да се вљубиМажите се прилично едноставни суштества кои речиси без исклучок функционираат по одредени, заеднички правила. Доколку се со вас, тоа значи дека им се допаѓате, но ако сакате да се вљубат во вас, тогаш следете ги овие едноставни правила.

Споделете некоја активност

Обично, мажите воопшто не сакаат да одат во шопинг, на јога, во салони за убавина и сл. Од друга страна, жените во принцип не сакаат да одат да гледаат спортски натпревари. Но, затоа постојат бројни активности кои можете да ги споделите. На пример, доколку двајцата вежбате, можете да одите заедно во теретана или пак еднаш во неделата да готвите заедно. На овој начин ќе се зголемат нештата што ви се заеднички и поврзаноста меѓу вас значително ќе се продлабочи.

Споделувајте комплименти и давајте поддршка

Кога некоја другарка има проблеми на емотивен план, жените обично прават големи планови за да им го подигнат егото, со најразлични гестови и фрази. Им кажуваат дека секој маж би бил среќен да е со нив, или пак им делат комплименти за облеката, без разлика како таа изгледа. Кога стнаува збор за мажите, се чини дека оваа пракса е многу ретка. Можеби причината за тоа е што жените мислат оти мажите имаат непробојно его и ништо не може да ги допре. Ова не може да е подалеку од вистината. Оттаму, кога вашиот партнер ќе доживее успех, почестете го со нешто убаво (на пр. вечера) и соопштете му дека се гордеете со него. Понекогаш, споделете и некој случаен комплимент. Ќе се изненадите колку повеќе време ќе сака да поминува со вас.

Не се обидувајте да го смените

Во принцип, жените секогаш се обидуваат да променат некои ситници кај мажите со кои се во врска (фризурата, облеката, работата, понекогаш и пријателите), за да ги исполнат нивните идеали. На крајот, кога ќе успеат во нивната намера, констатираат оти тоа не е истиот маж во кој се вљубиле и се разочаруваат. Нештата што мажите ги сакаат многу ретко се поклопуваат со женските афинитети, но не може секогаш сѐ да биде според вашите желби. Дозволете им да бидат свои, затоа што тогаш се посреќни, а кога тие се посреќни, ќе направат и вие да бидете посреќни.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Кажете му што мислите

Никој не очекува пријателите да знаат што мисли. Всушност, едно од најдобрите нешта за пријателствата е размената на мисли и долгите разговори, понекогаш и на сосема неважни теми. Но, жените многу често се лутат кога нивните партнери не умеат постојано да им ги читаат мислите. Ова ги излудува мажите. Навестувањата понекогаш се забавни, но немате право да се налутите доколку тој не успеал да ги прочита доволно добро. Исто така, ако навестувањето стане пракса, а не само повремена забава, тогаш станува иритирачко. Кажете му што мислите. Тоа е најдобриот начин да добиете директна повратна информација.

Оставете му простор

Понекогаш жените очекуваат, по стапувањето во врска, партнерот да го минува сето слободно време со нив. Се лутат кога тој нема веднаш да врати на некој мејл или пак ќе се јави еден час подоцна откако го видел пропуштениот повик. Започнуваат војни доколку тој сака да излезе со другарите… Во суштина, секогаш мора да постои баланс помеѓу „јас“ и „ние“, затоа што ако тие две нешта се испреплетат, двајцата ќе се загубат во врската и ќе станат несреќни. Оставете го да се зафати со активностите што ги сака, кога сака, потоа ќе му биде уште помило што повторно сте заедно.

- Реклама -