Кафулиња кои нудат галење на мачки се тренд во Јапонија

TokyosВо 70-тите Јапонија и ја претстави на светот својата опсесија со мачките преку Hello Kitty феноменот кој стана синоним за самата земја. Денес таа опсесија доби нов облик, преку т.н Cat Cafes, места каде љубителите на мачки плаќаат за да се дружат со мачки додека пијат чај.


Во 70-тите Јапонија и ја претстави на светот својата опсесија со мачките преку Hello Kitty феноменот кој стана синоним за самата земја. Денес таа опсесија доби нов облик, преку т.н Cat Cafes, места каде љубителите на мачки плаќаат за да се дружат со мачки додека пијат чај.

DSC_1852

Од 2008 година досега повеќе од дузина кафулиња од ваков тип се отворени во Токио, а нивната популарност е во подем. Денес ако отидете во Јапаонија, задолжителна е и посетата на овие прибежишта на зафатените Јапонци кои сакаат да се одморат од работните обврски во опуштена атмосфера. За 1.000 јени на час тие можат да си погалат и да си поиграат со некоја од мачките кои се во персоналот, а чија бројка понекогаш е и повеќе од дваесет.  Секој добива играчки за да ги занимава мачките, а како дел од протоколот „клиентите“ мора да ги соблечат обувките, да ги измијат и дезинфицираат рацете, а никако не им е дозволено да ги будат мачките што спијат на работното место.

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената

Untitled-1-4DSC_1801
DSC_0408
DSC_0418
DSC_1820
DSC_1893
DSC_1874
DSC_1930

6a00d8345282b769e20133ed2a1368970b-700wi
DSC_1027
[Cat Cafes]

- Реклама -