Каевски: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти-ЕУ и анти-НАТО структури

Прес конференција на Дарко Каевски, портпарол на СДСМ

Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО, тие се против НАТО и против ЕУ.

Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица Драган Ковачки, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.

Како што објавија медиумите, Ковачки не ги исполнува стандардите за да добие НАТО безбедносен сертификат.

Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали  Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата?

За чии странски интереси одработува Ковачки?

За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Драган Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник.

Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.

Нема промена во ДПМНЕ со кадрите на Мицкоски не е можна промена на подобро туку само изолација, враќање назад и оддалечување од НАТО и ЕУ.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

- Реклама -