Јуни е месец на нови претставувања од Apple, Samsung и Microsoft

Мај беше голем месец за големите технолошки брендови бидејќи продажбата на Samsung Galaxy S4 почна да руши рекорди, Google ја одржа својата годишна I/O конференција, а Microsoft конечно ја лансираше следната генерација на Xbox One видео гејмерската конзола.

Минатиот месец беше навистина значаен, но по сѐ изгледа јуни ќе биде уште поголем.

Големите акции ќе започнат следната недела кога Apple ќе го претстави iOS 7 со огромен редизајн, заедно со новата верзија на OS X, потоа надградени Mac компјутери, а можеби дури и iRadio.

По една недела настапува Samsung со нови Android и Windows уреди меѓу кои најверојатно ќе бидат Galaxy S4 Zoom и Galaxy S4 Active, а потоа следи BUILD конференцијата на Microsoft која започнува на 26 јуни и се очекува да биде претставена нова верзија на Surface таблетот од 8 инчи. Сите три – Microsoft, Sony и Nintendo, имаат големи работи веќе спремни за претставување за годишната E3 конференција која започнува следната недела исто така, што значи дека за фановите на технологијата нема многу одмор до јули.

Прочитајте и:  „Епл“ го претстави „ИОС 18.1“ со „Епл интелиџенс“

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -