Според пишувањата на медиумите од ’Островот’, Манчестер Јунајтед летоска ќе ги разгледа сите понуди што ќе пристигнат за услугите на Вејн Руни.
Откако напаѓачот беше изоставен од стартниот состав на ’Црвените Ѓаволи’ за реванш натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, медиумите почнаа да шпекулираат дека Сер Алекс Фергусон конечно решил да се ослободи од Вејн Руни.
Речиси сите весници од Англија денеска објавија дека Манчестер Јунајтед летоска ќе ги разгледа понудите што ќе пристигнат за услугите на Вејн Руни.
Лошиот фитнес на англискиот репрезентативец се посочува како причина зошто ’Црвените Ѓаволи’ сакаат да го продадат напаѓачот.
ПСЖ, Манчестер Сити и Челзи се дел од клубовите кои се посочуваат како можна идна дестинација на Вејн Руни, кој е проценет помеѓу 20 и 25 милиони фунти.
Извештаите исто така велат дека Фергусон го идентификувал Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд како топ трансфер цел за замена на Руни.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.