Џос Ведон, креатор на неверојатни хит серии како Buffy the Vampire Slayer и Firefly, ги поттикнува американските гласачи да го подржат Мит Ромни а не Барак Обама – под услов со нетрпение да ја чекаат зомби апокалипсата.
„Знаете, како и многу либерални Американци и јас бев возбуден кога Барак Обама стана претседател пред четири години“ вели Ведон во ново видео објавено на YouTube. „Но светот е доста различен сега. И Мит Ромни е доста различен кандидат – кандидат со визија и решеност да престане со ,функционирањето по план’ и да ја врати оваа земја на пат кон зомби апокалипсата.“