Според Габриел Аборт – шеф на одделот за егзорцизам на Ватикан, јогата е сатанизам и води кон зло.
Католичкиот свештеник Роланд Колхун од Дери, Северна Ирска, недвосмислено го поддржува таквиот став. Тој ги предупреди луѓето кои практикуваат јога дека со тоа го загрозуваат своето духовно здравје и се отвораат кон Сатаната. Тој смета дека луѓето кои практикуваат јога можат многу лесно да бидат вовлечени во „кралството на темнината“.
„Папата Фрањо порача: Не барајте духовни одговори во јогата. Јогата е ризична по нашиот дух. Кога почнувате да практикувате нешто од друга култура, која е надвор од христијанскиот домен, не знаете во што се впуштате. Можете на многу начини да комуницирате со лошиот дух. Не велам дека може секому да му се случи и дека е дел од секојдневието – луѓето можат да практикуваат јога и без последици – но, секогаш постои ризик. Токму затоа Папата зборуваше за јогата. Зборуваме за јогата во контекст на ризиците на новото доба и опасноста од окултизам“, изјави Колхун за Derrz Journal.
Важни официјални претставници на католичката црква веќе неколку пати истакнаа дека јогата е опасна. Меѓу нив и поранешниот Папа Бенедикт XVI, кој во 1989-тата ги предупреди Христијаните да избегнуваат јога, зен и други форми на медитација, бидејќи сето тоа може да прерасне во „култ на телото“.
Логично, сето ова предизвика остри реакции кај инструкторите по јога. Тие тврдат дека во ниту еден момент јогата на влијаела негативно врз нив и дека не ги спречува да бидат добри католици. „Луѓето доаѓаат на јога за да развијат добро држење, да научат да дишат и да се справат со стресот. Во сите овие години, ниту еден од нив не изразил желба да навлезе подлабоко во духовната страна на јогата“, вели една инструкторка од Дери.
Сепак, ако планирате подлабоко да навлезете во јогата, од дел од упатените ќе слушнете слични совети. Тие предупредуваат дека треба многу да се внимава при изборот на инструктор – покрај тоа што тој ќе ве научи да ги отворите чакрите, многу е важно да знае и да ги затвори, бидејќи во спротивно сте изложени на висок ризик од негативни влијанија.
Сами пресудете.